НБА

Голден стејт со „камата“ му врати на Клиперс (ВИДЕО)

По неочекуваниот пораз пред своја публика од Клиперс, Голден стејт овој пат убедливо го совлада противникот во Лос Анџелес и повторно поведе во серијата.

Лос Анџелес Клиперс во претходниот меч со огромен пресврт направи големо изненадување откако триумфираше на теренот на шампионот, но одмаздата стигна многу брзо.
 
Голден стејт синоќа го победи Клиперс во Лос Анџелес со 132:105 и поведе со 2-1 во серијата.
 
Најефикасен во победата беше Кевин Дурент со 38 поени, Стеф Кари реализираше 21. Кај Клиперс најмногу поени постигна Хвататот Зубац, 18.
 
До гостинска победа дојде и Филаделфија која го совлада Бруклин со 131:115, а Сан Антонио на свој терен славеше над Денвер со 118:108.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Филаделфија 115:131
Сан Антонио - Денвер 118:108
ЛА Клиперс - Голден стејт 105:132

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе