НБА

Голден стејт се пласира во финалето на западот, Бостон и Милвоки ќе играат мајсторка (ВИДЕО)

Голден стејт со 110-96 го победи Мемфис и ја доби серијата со 4-2, Бостон славеше гостинска победа кај Милвоки со 108-95, израмни на 3-3 и на свој терен ќе ја игра мајсторката против актуелниот шампион. 

Голден стејт со одлична игра во послендата четвртина која ја доби со 32-19, дојде до триумф од 110-96 против Мемфис и се пласираше во финалето на западната конференција.
 
Томпсон со 30 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, Кари постигна 29. Кај Мемфис, Брукс реализираше 30 поени.
 
Во финалето на западната конференција тие ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Феникс и Далас каде во моментов е 3-3.
 
 
Тејтум синоќа ја доби пресметката со Адетокумбо, двете ѕвезди имаа маестрални изданија, но на крајот победи Бостон со 108-95 и се избори за мајсторка која ќе ја игра на свој терен.
 
Тејтум постигна 46 поени, имаше и девет скокови, Адетокумбо постигна 44 поени, имаше и дури 20 скокови.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Бостон 95:108 (3-3)
Голден стејт - Мемфис 110:96 (4-2)

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе