НБА

Голден Стејт ја победи Атланта но во фокусот беше суспензијата на Грин (ВИДЕО)

Шампионот Голден Стејт им се врати на победите, утрово на домашен паркет ја доби пресметката со Атланта со 110-103, но во фокусот беше суспензијата на Дрејмонд Грин.

Без повредениот Стеф Кари, „Воините“ забележаа два порази на три меча. Двократниот МВП беше во „аут“ и утрово, но Голден Стејт се погрижи Атланта да не приреди изненадување во „Оракл“ арена.

Гостите беа рамноправен противник се до почетокот на третиот период, кога Голден Стејт направи серија од 17-2 и се одлепи на +10 (70-60). Домаќините знаеа како да ја сочуваат предноста во продолжението од мечот и на крајот славеа со 110-103.

Прв играч во редовите на „Воините“ беше Дурант со 29 поени, додека пак Томпсон реализираше 24 поени.

Но во фокусот беше суспензијата на Дрејмонд Грин. Само на неколку часа пред дуелот, Голден Стејт соопшти дека темпераментниот кошаркар ќе оди еден меч на „ладење“ поради расправијата со соиграчите.

Тој се расправаше со Дурант на клупата на средбата со ЛА Клиперс, а конфротацијата продолжила и во соблекувалната, каде се замешале и другите. КД му се налути на Грин поради тоа што во последната акција од регуларниот дел против „Клиперси“ не му ја додал топката и сам тргнал да го решава мечот, кој потоа беше загубен во продолженија. Грин пак му приговорил на Дурант поради тоа што сака да се ослободи од дговорот и да заработува многу повеќе пари во иднина. По ова препукуање во понеделникот, двајцата играчи немаат разговарано.

На преостанатите два меча утрово, Хјустон со 99-109 триумфираше на гостувањето кај Денвер, додека пак Кливленд со 113-89 стигна до убедлив триумф над Шарлот.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе