НБА ИМА НОВ ШАМПИОН

Голден стејт го победи Кливленд и се врати на шампионскиот трон (ВИДЕО)

Голден стејт со 129:120 го победи Кливленд и со 4-1 во финалната серија дојде до шампионската титула во НБА.

Голден стејт се врати на шампионскиот трон во НБА откако синоќа му ја зема круната на Кливленд победувајќи го со 129:120.
 
„Воините“ во плеј-офот имаа серија од 16 победи и само еден пораз што е најдобрата во историјата на лигата.
 
Кевин Дурент беше прогласен за МВП, најкорисен играч.
 
Кливленд добро го почна вчерашниот меч и првата четвртина ја доби со 37:33, но во втората следуваше дебакл, Голден стејт ја доби со 15 коша позитива и ја направи клучната разлика. До крајот на мечот Кливленд успеа да се врати само до три коша негатива, но не и да направи пресврт.
 
На крајот Голден стејт заслужено се радуваше на петтата титула во клупската историја.
 
Кевин Дурент на синоќешниот меч постигна 39 поени, Кари 34. Леброн Џејмс со 41 беше најефикиасен но не му помогна на Кливленд да дојде до победа.
 
 

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе