НБА

Голден стејт го победи Хјусон на негов терен за пласман во финале, неверојатна партија на Кари (ВИДЕО)

Стеф Кари со лудо второ полувреме го предводеше Голден стејт до ново конференциско финале откако со 118:113 го победија Хјустон на негов терен и ја добија серијата со 4-2.

Шампионот Голден стејт го доби синоќешниот меч со Хјустон благодарение на една луда партија на Стеф Кари.
 
Голден стејт настапи без повредениот Кевин Дурент, а Стеф Кари во првото полувреме не постигна ниту еден поен. Тие тогаш му парираа на Хјустон благодарение на расположениот Клеј Томпсон. Но во вториот дел Кари експлодираше, во последните две четвртини постигна неверојатни 33 поени и му донесе победа на Голден стејт од 118:113.
 
Кари со тие 33 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, Томпсон постигна 27. Кај Хјустон Џејмс Харден реализираше 35.
 
Во финалето на Западот Голден стејт го чека подобриот од Денвер и Портланд кои треба да играат мајсторка, моменталниот резултат е 3-3.
 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе