Мемфис кој играше без главната ѕвезда, Џа Морент, беше на чекор до победа против Голден стејт, водеше буквално до последната минута и не успеа да триумфира.
Стеф Кари со 32 поени беше најдобар на теренот, во тимот на Мемфис поените беа распоредени на повеќе играчи, па Џексон постигна 21, Џонс 19, Андерсон 17.
Бостон успеа да го врати поразот на свој терен, победи во Милвоки со 116-108 и израмни во серијата на 2-2.
Тејтум постигна 30 поени, имаше и 13 скокови, Хорфорд беше одличнен со 30 поени, најдобар на теренот беше Адетокумбо со 34 поени и 18 скокови.
Резултати:
Милвоки - Бостон 108:116
Голден стејт - Мемфис 101:98