НБА

Гобер со донација од 500.000 долари сака да се искупи за тоа што се шегуваше со коронавирусот

Руди Гобер многу несериозно ја сфати ситуацијата со коронавирусот, се шегуваше со болеста, па стана првиот НБА кошаркар позитивен на КОВИД-19. 

Руди Гобер беше првиот НБА кошаркар на кој му беше дијагностициран коронавирус. Само два дена претходно откако неговиот тест се покажа за позитивен тој се шегуваше со оваа болест. На прес конференција намерно со рацете ги допираше сите микрофони на новинарите.
 
Тој сега ќе донира вкупно 500.000 долари за борба против коронавирусот, многумина ова го протолкуваа како искупување за глупоста која ја направи.
 
200.000 долари од тие ќе бидат за вработените во Вивинт Смарт Хоум Арената во Солт Лејк Сити чии работи се загрозени од ситуацијата со коронавирусот.
 
Гобер дава по 100.000 долари за поддршка на социјалните сервиси во Јута и Оклахома поврзани со коронавирусот и 100.000 за Франција, неговата земја.
 
„Поминав низ многу емоции откако ја дознав мојата дијагноза... претежно страв, вознемиреност и срам. Прво и најважно е дека сакам јавно да им се извинам на луѓето што можеби сум ги загрозил. Во тој момент не знаев дека сум заразен. Не се однесував зрело и нема изговор за тоа“, напиша на својот инстаграм профил откако му беше дијагностициран коронавирусот.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе