МЗТ Скопје

Ѓорѓи Кочов веќе не е тренер на МЗТ Скопје

Поразот од Академија ФМП ја прели чашата кај раководството на МЗТ Скопје, падна одлука за тренерска промена, Ѓорѓи Кочов е минато. 

МЗТ Скопје ја потврди разделбата со Ѓорѓи Кочов, тимот го превзема неговиот прв помошник Дарко Радуловиќ кој треба да ја има улогата на тренер се додека не се договори ново име за оваа функција.
 
„Ѓорѓи Кочов од денеска не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако со управата на клубот се договори за прекин на договорот со взаемна согласност, по вчерашниот неочекуван пораз на гостувањето кај Академија ФМП.
 
Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата. Кочов на клупата на нашиот тим седна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година, а беше морален шампион со МЗТ Скопје Аеродром и во 2020 година, кога беше прекинато првенството.
 
Нашиот клуб е горд што придонесе на македонската кошаркарска мапа да се појави млад и талентиран стручњак, кој во последниот циклус беше и дел од стручниот штаб на репрезентацијата. На Кочов му посакуваме се најдобро во кариерата, со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата.
 
Екипата од денеска ќе работи под раководство на неговиот прв помошник, Дарко Радуловиќ, кој ќе ја има улогата на привремен прв тренер се до пронаоѓањето на ново име за оваа функција“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе