МЗТ Скопје

Ѓорѓи Кочов останува тренер на МЗТ Скопје и во следната сезона

МЗТ Скопје потврди дека Ѓорѓи Кочов останува на клупата, тој ќе го води тимот и во наредната сезона. 

Раководството на МЗТ Скопје е задоволно од работата на Ѓорѓи Кочов, соработката меѓу двете страни е продолжена.
 
„Тренерот кој пред еден месец на нашиот тим му ја донесе седмата титула, Ѓорѓи Кочов (34 години) и следната сезона ќе седи на клупата на МЗТ Скопје Аеродром, како дополнителна потврда на заложбите на управата на клубот за давање шанса на младите домашни тренери, кои, пак, во иднина би биле столб и на македонската кошарка во целост.
 
Станува збор за шестиот стратег кој успеал да го донесе шампионскиот пехар во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата. Тој во „сино-белиот“ табор дојде во текот на предминатиот шампионат, а за него ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на МЗТ Скопје.
 
Останување на Кочов воедно е и потврда на заложбата на нашиот клуб за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување. Популарниот Ѓоле веќе работи на формирањето на тимот за следниот период, со кој ќе се обидеме да го продолжиме трендот на остварување добри резултати како на домашна сцена така и во настапите во АБА2-лигата“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе