Новак во петокот зборуваше за Коби во студио на Австралија Опен

Ѓоковиќ неколку дена пред смртта на Брајант: Коби е еден од моите ментори, беше со мене кога ми беше најтешко

Само пред неколку дена во студио на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ зборуваше за Коби Брајант. 

Коби Брајант беше добар пријател и со Новак Ѓоковиќ. Српскиоте тенисер пред само неколку дена изјави дека разговорите со легендарниот кошаркар му помогнале да го преброди најтешкиот период од кариерата.
 
„Коби беше еден од моите ментори. Имав неколку телефонски разговори со него и се разбира се видовме и неколку пати во живо кога јас поминував низ повредата со лактот и се мачев физички и психолошки во тој период да се кренам. Тој беше еден од луѓето кои беа тука за мене и ми даваше некои многу корисни совети како да верувам во себе, да верувам во процесот и дека ќе се вратам и многу сум му благодаран што беше тука за мене. Го сакам Коби. А кој не го сака? Неверојатен човек и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Да бидам опркужен со луѓе како Кристијано и Коби е големо задоволство за мене и чест. И кога сум до нив се претворам во студен. Се обидувам да ги држам ушите отворени и да им поставувам прашања кои можат да ми помогнат во кариерата“, изјави Новак Ѓоковиќ неколку дена пред смртта на Коби Брајант.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе