МЗТ СКОПЈЕ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Гарсија: Ми се допаѓа Македонија, презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје ги почна подготовките за новата сезона, тренерот Александар Тодоров ќе има значително променет тим со кој ќе треба да обезбеди постабилна сезона од минатата. 

Денеска МЗТ Скопје почна со подготовките за новата сезона во која основна задача ќе биде да ја одбрани титулата во домашното првенство и да има што подобар настап во АБА лигата.
 
Од новите Американци на денешниот тренинг беше само Ерик Гарсија, додека Даниел Џенсен и Брет Бејли вечерва пристигнуваат во Скопје и утре ќе се стават во стројот.
 
„Ми се доаѓа тоа што досега во видов во Македонија, а презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје и од начинот кој засега сум третиран од сите во клубот. Искрено, не знаев речиси ништо за државата пред да дојдам, освен сликите што ги гледав на интернет откако потпишав договор. Изминатиов период го минав во гледање натпревари на екипите против кои ќе играме, пред се во АБА-лигата, која е навистина квалитетна со многу одлични игра во неа. Секој натпревар ќе биде голема борба, поради што мора напорно да го одработиме периодов за да бидеме подготвени за предизвикот кој е пред нас. Сакам да победувам и верувам дека ќе имам многу шанси за тоа во дресот на МЗТ Скопје“, вели Гарсија за официјалниот сајт на клубот.
 
Тренерот Тодоров е задоволен од тимот но сака и нов играч на центарската позиција.
 
„Се уште не сме комплетни, но во кусо време очекувам да ја пополниме и последната празнина и тоа на центарската позиција. Би сакал да бидеме во полн состав пред одигрувањето на пријателските средби за да имаме доволно време за воигрување пред првиот меч од АБА-лигата против Партизан. Задоволен сум од тимот со кој располагам, дојдовме до играчите кои ги сакавме, а единствено изненадување беше заминувањето на Младеновски, што беше само поради неговата желба да се проба во странство“, изјави тренерот Тодоров.
 
По едногодишна пауза во составот на МЗТ Скопје се враќа и Дамјан Стојановски.
 
„За нас е најважно добро физички да се подготвиме во следниот период, бидејќи нѐ голем број тешки натпревари кои ќе мора да ги издржиме. Сите се засилуваат и во АБА-лигата и во домашното првенство, кои сметам дека ќе бидат на повисоко ниво во однос на претходната сезона. Доволно сум подготвен да ги издржан подготовките, што ме радува по долгата пауза која ја имав. Верувам дека сѐ ќе биде како што треба“ - вели Стојановски.
 

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе