НБА

Френк Вогел ќе биде нов тренер на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс конечно најде тренер. По недели на неуспешни преговори со Монти Вилијамс и Тајрон Лу, тимот од Калифорнија се реши за Френк Вогел, кој се согласил да потпише договор за 3 години.

Стратегот се состанал со раководството во четвртокот, по што разговорите напредувале многу брзо и конечно е постигнат договор вчера.

Во неговиот тим ќе влезе еден од најдобрите плејмејкери во историјата, Џејсон Кид како прв асистент, што ги радува „езерџиите" бидејќи Кид ќе може да работи конкректно со Лонзо Бол и да го забрза неговиот развој.

Четириесет и пет-годишниот Вогел за последен пат го водеше Орландо, каде не постигнам добри резултати, но пак пред тоа направи 5 многу силни сезони на чело на Индијана Пејсерс, откако постигна скор 250-181 и во 2013 и 2014 го рангира тимот за финалето на конференцијата.

Лејкерс имаше фрустрирачка прва сезона по привлекувањето на суперѕвездата Леброн Џејмси за 6-та последователна кампања го пропушти плеј-офот. Повредите беа исто така сериозен фактор за тоа, а клубот реши да се раздели со тренерот Лук Волтон и сега надежите се дека под водство на Вогел ќе следи сериозен напредок

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе