НБА

Филаделфија со тројка во последната секунда победи во Портланд (ВИДЕО)

Филаделфија со поени во последната секунда славеше на гостувањето кај Портланд со 129:128, Денвер победи во Орландо, а Голден стејт го забележа и петтиот пораз оваа сезона. 

Портланд прокоцка предност и од 21 разлика против Филаделфија која со одлична игра во последната четвртина ја анулира негативата и со кош во последните моменти од мечот дојде до победата.
 
Хорфорд со 25 поени беше најефикасен во тимот на Филаделфија, Харис постигна 23. Најдобар на мечот беше играчот на Портланд, Лилард со 33 поени, имаше и девет асистенции.
 

 
Никола Јокиќ и Денвер славеа со 91:87 на гостувањето кај Орландо. Српскиот кошаркар имаше учинок од 20 поени седум скокови и четири асистенции, заедно со Мареј беа најдобри поентери во својот тим. За домаќините Вучевиќ постигна 24 поени.
 

 
Голден стејт го забележа петтиот пораз во шест натпревари на стартот од сезоната. Без повредените Томсон и Кари тие се само просечна екипа. На свој терен беа поразени од Шарлот со 87:93. Паскал со 25 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, исто толку реализираше Бејкон за Шарлот.
 
 
Резултати:
 
Оклахома - Њу Орлеанс 115:104
Детроит - Бруклин 113:109
Орландо - Денвер 87:91
Мемфис - Феникс 105:114
Милвоки - Торонто 115:105
Вашингтон - Минесота 109:131
Голден стејт - Шарлот 87:93
Портланд - Филдалефија 128:129

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе