НБА

Филаделфија изедначи против Атланта, Јута со победа го отвори дуелот со Клиперс (ВИДЕО)

Ембид ја предводеше Филаделфија до победа против Атланта од 118-102 и изедначување на 1-1, Јута со трумф од 112-109 ја почна серијата против ЛА Клиперс. 

Филаделфија не дозволи ново изненадување, овој пат одигра многу подобар меч и дојде до прва победа против Атланта, Џоел Ембид беше херојот на домаќините во триумфот од 118-102.
 
Ембид постигна 40 поени, имаше и 13 скокови, најдобри кај Атланта беа Јанг и Галинари кои постигнаа по 21 поен.
 
 
Јута со 112-109 ја доби првата пресметка против ЛА Клиперс. Мичел имаше фантастична партија постигнувајќи дури 45 поени. Кај Клиперс, Ленард реализираше 23.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Атланта 118:102 (1-1)
Јута - ЛА Клиперс 112:109 (1-0)

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе