НБА

Филаделфија и Портланд се изборија за „мајсторки“ (ВИДЕО)

Филаделфија со 112:101 го победи Торонто и израмни на 3-3 во серијата, седми натпревар ќе играат и Портланд и Денвер откако домаќините славеа со 119:108.

Филаделфија го искористи домашниот терен и дојде до релативно лесна победа над Торонто. Батлер со 25 и Симонс со 21 поен беа најефикасни во домашниот состав, а најдобар на теренот беше кошаркарот на Рапторс, Ленард со 29 поени и и 12 скокови.
 
 
Портланд исто како и Филаделфија успеа да го добие дуелот на свој терен и да се избори за мајсторка. Лошо влегоа во мечот, ја загубија првата четвртина со 26:34 но потоа го свртеа натпреварот во своја полза и дојдоа до триумф. Лилард со 32 поени беше најдобар, Мекалум постигна 30. Во составот на Денвер и овој пат најдобар беше Јокиќ со 29 поени, 12 скока и осум асистенции.
 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе