ЕВРОБАСКЕТ 2017

ФИБА на Србите им забрани да носат шајкачи, па четворица навивачи од Чачак се вратиле од дома да го догледаат Евробаскетот

ФИБА им забранила на српските навивачи да ги носат традиционалните капи, четворица фанови од Чачак од дома ќе продолжат да го гледаат првенство сметајќи дека токму шајкачите им носат среќа на кошаркарите.

Неколку српски навивачи со шајкачи на главите ја бодреа Србија од трибините на Евробаскетот, но од организаторот во Истанбул добија забрана на следните мечеви да ги носат овие капи кои се национален симбол на нашиот северен сосед.
 
Поради тоа, четворица навивачи од Чачак решиле да се вратат во својот град и од пред ТВ екраните да го догледаат Евробаскетот.
 
„Одлучивме другиот дел од натпреварувањето на Европското првенство да го гледаме од Србија. Нашата репрезентација сакаме да ни донесе златен медал по кој дојдовме во Турција. Сметаме дека е подобро завршницата да ја гледаме пред ТВ екраните, но со шајкачи, бидејќи сметаме дека тие и носат среќа на кошаркарите. Секако, шајкачите ќе ги дочекаат на аеродромот“ - велат навивачите од Чачак за „Новости“.
 
 

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе