НБА

Феникс со перфектни 8 од 8 но чудото изостана, Портланд и Мемфис ќе разигруваат за последното место во плеј-офот (ВИДЕО)

Феникс го заврши настапот во „меурот" во Орландо со осум победи од осум натпревари но „сонцата" извисија за последното место во плејо-офот, Портланд и Мемфис ќе разигруваат за позицијата број 8 на Западот.

Феникс беше најпријатното изненадување по ре-стартот на сезоната во НБА, „сонцата“ нанижаа осум победи во „меурот“ во Орландо откако доцна синоќа со 128:102 триумфираа над Далас и беа на прагот на чудо и пласман во плеј-офот. 

Сепак, Портланд во драматична завршница го совлада Бруклин со 133:134 па тие ќе разигруваат со Мемфис за позицијата број 8 на Западот. 

Првиот натпревар се игра на 15. август, доколку Портланд победи ќе се пласира во плеј-офот, а доколку слави Мемфис, ќе се игра втор натпревар на 16. август. Победникот на овој меч ќе закаже пресметка со ЛА Лејкерс. 

НБА резултати:

Бостон - Вашингтон 90:96
ЛА Лејкерс - Сакраменто 122:136
Мемфис - Милвоки 119:106
Феникс - Далас 128:102
Јута - Сан Антонио 118:112
Бруклин - Портланд 133:134
Орландо - Њу Орлеанс 133:127

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе