НБА

Феникс го освои западот и првпат по 30 години ќе игра во големото НБА финале (ВИДЕО)

Феникс со 130-103 победи на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс и ја освои титулата во западната конференција со што се пласираше во големото НБА финале. 

Првпат по 30 години Феникс ќе игра во финалето во НБА откако со 4-2 беше подобар од ЛА Клиперс во финалната серија на западот.
 
Синоќа сонцата предводени од Крис Пол кој имаше фантастична партија, дојдоа до убедлив триумф од 27 поени разлика. Водеа во текот на целиот меч, Клиперс изгледаа немоќно.
 
Крис Пол постигна 41 поен и беше најдобриот на теренот, Букер постигна 22 поени, во составот на ЛА Клиперс, Морис Марк постигна 26 поени.
 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе