НБА

Феникс го елиминираше Денвер, заврши сезоната за Јокиќ (ВИДЕО)

Феникс беше перфектен во серијата против Денвер, победи со 125-118 и со 4-0 се пласира во конференциското финале, Никола Јокиќ со нов дабл-дабл ја заврши сезоната. 

Феникс уште еднаш презентираше моќна партија против Денвер, доминираше од самиот почеток и на крајот заслужено победи со седум поени разлика.
 
Крис Пол со 37 и Букер со 34 поени беа предводниците кај Феникс, за Денвер Бартон постигна 25 поени, а Јокиќ имаше 22 поени и 11 скокови.
 
 
Синоќа Милвоки изедначи на 2-2 против Бруклин откако победи со 107-96. Адетокумбо постигна 34 поени, имаше и 12 скокови. Дурент реализираше 28 поени, имаше и 13 скокови.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Бруклин 107:96 (2-2)
Денвер - Феникс 118:125 (0-4)

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе