ЕВРОЛИГА

Фенербахче и Антиќ и по втор пат се радуваа во Атина

Фенербахче е на чекор до фајнл-фор турнирот во Евролигата откако го доби и вториот меч против Панатенаикос на гостински терен, овој пат славеше со 80:75.

Фенербахче и Перо Антиќ се многу блиску до пласман на фајнл-фор турнирот кој ќе се одржи во Истанбул, денеска и по втор пат се радуваа на победа против Панатенаикос.
 
Панатенаикос добро го почна натпреварот, направи предност од 16:6, но Фенербахче брзо се врати и на полувремето имаше предност од 45:43.
 
И во второто полувреме Панатенаикос имаше водство, но финишот му припадна на турскиот тим кој на крајот славеше со 80:75.
 
Перо Антиќ на паркетот помина нешто повеќе од осум минути за кои постигна три поени, имаше и два скока. Најефикасен во составот на Фенербахче беше Богдановиќ  со 25 поени, Удох постигна 22.
 
Сега серијата се сели во Истанбул, на Фенербахче му е потребна уште една победа за да се пласира на фајнл-фор турнирот.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе