Брајант треба да биде новиот лик на најсилното кошаркарско првенство

Фановите започнаа петиција, бараат логото на НБА да биде променето во чест на Коби

Вљубениците во кошарката ширум светот стартуваа кампања за легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант да биде новиот лик на НБА и во негова чест да се промени логото.

Трагичната смрт на Коби Брајант, кој синоќа почина во хеликоптерска несреќа, тешко го погоди кошаркарскиот свет, но и целокупната спортска јавност. „Црната мамба“ важеше за еден од најдобрите кошаркари во модерната ера но и во историјата, и беше инспирација за безброј млади деца.

По веста за смртта на Коби Брајант, пристигнуваат најразлични барања за тоа како да му се оддаде чест на легендата на „езерџиите“. Еден предлог беше сите тимови да го повлечат дресот со број 24, потег кој веќе го повлече Далас.

Вљубениците во кошарката ширум светот исто така стартуваа кампања на социјалните мрежи за Коби Брајант да биде новиот лик на НБА и во негова чест да се промени логото. Се користи хаштагхот #MakeKobeTheLogo за Коби Брајант да ја замени силуетата на Џери Вест во логото на најсилната кошаркарска лига.

Фановите започнаа и петиција на Чејнџ.орг (Change.org) за промена на логото, и до овој момент преку 210,000 луѓе дадоа поддршка.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе