НБА

Ентони Дејвис се врати во Њу Орлеанс и со рекорд ги уништи „пеликаните“ (ВИДЕО)

Ентони Дејвис блескаше против својот поранешен клуб Њу Орлеанс Пеликанс, тој го предводеше Лејкерс до деветата победа по ред. 

Ентони Дејвис за прв пат играше против Њу Орлеанс Пеликанс каде што помина седум години од својата кариера. Публиката го дочека со свирежи, а тој им возврати со маестрална партија.
 
Лејкерс со одлична игра во последната четвртина која ја добија со 35:21 дојдоа до победата од 114:110 и се зацврстија на првото место.
 
Ентони Дејвис постигна 41 поен, имаше и девет скока. Тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 40+ поени во првиот натпревар против свој поранешен клуб.
 
Леброн Џејмс реализираше 29 поени, имаше и 11 асистенции. Во тимот на Њу Орлеанс, Холидеј постигна 29 поени зачинети со 12 асистенции.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Бруклин 121:110
Шарлот - Детроит 102:101
Кливленд - Орландо 104:116
Индијана - Јута 121:102
Филаделфија - Сакраменто 97:91
Торонто - Њујорк 126:98
Хјустон - Мајами 117:108
Мемфис - ЛА Клиперс 119:121
Милвоки - Атланта 111:102
Сан Антонио - Минесота 101:113
Феникс - Вашингтон 132:140
Њу Орлеанс - ЛА Лејкерс 110:114
Портланд - Оклахома 136:119
Голден стејт - Чикаго 104:90

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе