Името на Ентони Дејвис често се споменува кога е во прашање трансфер пзарот во НБА. Тој има опција да стане слободен агент, а со тоа и да потпише за друг тим.
Последните информации велат дека Ентони Дејвис ќе се откаже од последната година од договорот со „езерџиите“ вредна 28,7 милиони долари, но нема да го напушти „Градот на ангелите“.
Крилото одново ќе потпише за ЛА Лејкерс, сега за неколку милиони повеќе, и во следниот период ќе се преговара за должината на договорот. Во опција е петгодишен договор вреден преку 200 милиони долари, но и краткорочен договор од две години, со кој ќе стане слободен агент во исто време со Леброн Џејмс.