Емотивен говор на Леброн во првиот меч на Лејкерс по смртта на Коби Брајант (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс во својот прв меч по смртта на Коби Брајант со многу емоции се збогува од својата легенда, честа да одржи говор ја имаше Леброн Џејмс. 

Лос Анџелес Лејкес ноќеска во „Стејплс Центар“ го пречка Портланд, тоа беше нивниот прв натпревар по трагичната смрт на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.
 
На мечот се беше во знакот на Коби, фановите кои беа на трибините носеа дресови со бројот 8 и број 24, имаше 24 секунди молк во чест на легендарниот кошаркар, настап на Ашер, Бојз II Мен и челистот Бен Хонг.
 
По тие церемонии, Леброн Џејмс застана во центарот на теренот и одржа говор во чест на Коби Брајант, најпрво ги прочита имињата на сите девет жртва од големата хеликоптерска несреќа.
 
Потоа извади уште едно ливче и рече: „Сега имам нешто напишано. Побараа од мене да се држам до тоа. Но Лејкер нацио, нема да го читам тоа с*ање, ќе зборувам од срце. Семејството секогаш е не прво место и додека ве гледам во салата гледам дека сите жалиме, повредени сме и скршени ни се срцата. Кога доаѓав во Лејкерс ми велеа дека тоа е семејство, во неделата видов дека тоа навистина е така“.
 
„Знам дека сите ние што сме тука имаме спомени за Коби, но ова го гледам како славење на неговото име. Коби е мој брат. Од времето кога бев во средно гледајќи го како игра, до влегувањето во лигата на 18 години кога можев да дојдам поблиску до него. Сите битки кои ги имавме низ кариерата. Една работа која секогаш ја делевме беше посветеноста за победа. Фактот што сум тука сега ми значи многу. Сакам заедно со моите соиграчи да го продолжиме неговото наследство, не само оваа година, туку се додека играме кошарка, бидејќи Коби токму тоа би го сакал“, изјави меѓудругото Леброн Џејмс. 
 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе