петок, 26 април 2024

Журнал.мк: Функционерот на ДУИ Рафис Алити купил плац од 1,2 милиони евра во Тетово

Порталот на албански јазик Журнал.мк објавува документи од кои може да се види дека поранешниот заменик и потпретседател на ДУИ, Рафис Алити неодамна купил плац во центарот на Тетово вреден 1,2 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Журнал.мк објавува дека информациите ги добиле од анонимен извор кој во редакцијата донел и документи (подолу).

Станува збор за имот на компанијата Автопрогрес купен од Алити за 1,2 милиони евра. Купопродажбата била завршена на 4 јануари годинава, а потоа со нотарски акт Рафис Алити земјиштето го подарил на својот син. Журнал.мк пишува дека редакцијата го знае и името на нотарот во чија канцеларија во Тетово е пренесен имотот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ