Светот се сеќава

Една година од трагичната смрт на Коби Брајант

Помина точно една година откако светот ја загуби својата кошаркарска икона Коби Брајнт кој во хеликоптерска несреќа загина заедно со својата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други патници. 

На 26 јануари минатата година во Калабасас, Калифорнија се урна хеликоптерот во кој се превезуваше Коби Брајнт и неговата ќерка, загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
 
Светот денеска се сеќава на Коби Брајнт, а Леброн Џејмс по вчерашниот меч против Кливленд рече: „Легендите не умираат. Коби ќе живее вечно во нашите спомени“.
 
НБА кариерата на Коби Брајант траеше 20 години, сите ги помина во Лос Анџелес Лејкерс. Освои пет шампионски прстени, двапати беше МВП во финалната серија. 18 пати настапи на Ол-стар натпреварите, четирпати беше МВП.
 
Со репрезентацијата на САД двапати беше олимписки првак, еднаш светски.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе