НБА

Ѕвездата на Хјустон, Расел Вестбрук е позитивен на ковид-19

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук информираше дека е позитивен на коронавирус, тој нема да патува со остатокот од екипата во Орландо. 

За 17 дена продолжува сезоната во НБА лигaта, ќе се игра во Орландо, а Хјустон таму ќе отпатува без својата ѕвезда Расел Вестбрук.
 
Тој потврди дека е заразен со ковид-19, ќе ги пропушти подготовките на тимов во Орландо, но ќе се приклучи кога ќе се опорави.
 
„Позитивен сум на тестот за ковид-19 пред заминувањето во Орландо. Се чувствувам добро, во карантин сум и ќе им се приклучам на моите соиграчи кога ќе бидам чист. Ви благодарам на сите за добрите желби и поддршка. Ве молам сфатите го вирусот сериозно. Бидете безбедни. Носете маска“, напиша Вестбрук.
 
 
 
 
View this post on Instagram

.

A post shared by Russell Westbrook (@russwest44) onJul 13, 2020 at 9:50am PDT

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе