Се огласи и легендата на Чикаго

Џордан: Шокиран сум, немам зборови...Коби Брајант ми беше како помал брат

Мајкл Џордан испрати сочуство до семејството Брајант по трагичната смрт на Коби, поранешниот кошаркар на Чикаго вели дека е во шок и нема зборови да ја опише болката која ја чувствува.

Од сите страни на светот пристигнуваат пораки по веста дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Сочувство до семејството испрати и легендарниот Мајкл Џордан, кој заедно со Коби Брајант и Леброн Џејмс важат за најдобрите кошаркари во модерната ера но и во историјата.

„Шокиран сум од трагичната вест за смртта на Коби и Џиана. Немам зборови за да ја опишам болката која ја чувствувам. Го обожавав Коби, ми беше како помал брат. Често разговаравме, ќе ми недостасуваат тие конверзации. Беше бестрашен натпреварувач, креативна сила, еден од најдобрите кошаркари. Коби исто така беше неверојатен татко кој многу го сакаше своето семејство и беше горд што неговите ќерки беа заљубени во кошарката. Сочувство до Венеса, до сите инволвирани во ЛА Лејкерс и кошаркарските фанови ширум светот“ – гласеше соопштението на Мајкл Џордан.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе