НБА

Џабе историска партија на Јокиќ, Сан Антонио се избори за мајсторка против Денвер (ВИДЕО)

Ниту рекордните 43 поени на Никола Јокиќ не беа доволни за Денвер да слави во Сан Антонио, „мамузите" триумфираа со 120-103 во натпреварот број 6 и се изборија за мајсторка.

Ќе има седми меч во серијата помеѓу Денвер и Сан Антонио. Утрово „спарси“ ја искористија предноста на домашен терен, триумфираа со 120-103 и се изборија за мајсторка.

„Мамузите“ исто така ја расипаа и историската вечер на Никола Јокиќ, кој дуелот го заврши со 43 поени. Србинот собори рекорд стар 36 години и сега неговото име стои во франшизата на Денвер за играч со најмногу поени во натпревар од плеј-офот.

Центарот исто така беше на прагот на трипл-дабл, и придодаде уште 12 скокови и 9 асистенции. Па тој стана само четвртиот играчкој може да се пофали со вакво постигнување во плеј-оф натпревар и им се придружи на легендарните Чарлс Баркли, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон. Никола Јокиќ исто така е првиот играч кој ги имал овие бројки заедно со три украдени топки.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе