НБА

Дурент сруши НБА рекорд, Бруклин го врати водството против Милвоки (ВИДЕО)

Кевин Дурент имаше брилијантна партија со која го предводеше Бруклин до победа над Милвоки од 114-108 и водство во серијата од 3-2. 

Милвоки одлично го почна мечот, ја доби првата четвртна со 29-15 и водството го одржуваше се до последниот период, но тогаш домаќините го кренаа нивото, го свртеа резултатот и победија со шест поени разлика.
 
Кевин Дурент беше брилијантен, постигна трипл-дабл учинок како што не успеал никој во плеј-оф меч. Имаше 49 поени, 17 скокови и 10 асистенции. Тој стана првиот кошаркар кој постигнал 45+ поени, 15+ скокови и 10+ асистенци во плеј-оф натпревар.
Најдобар кај Милвоки беше Адетокумбо со 34 поени и 12 скокови.
 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе