Легендарниот кошаркар го кажа своето мислење за марихуаната

Дурент: Марихуаната треба да се легализира, таа дава само позитивни работи

Легендарниот кошаркар, Кевин Дурент смета дека марихуаната треба да се легализира и веќе не ни треба да биде тема на дискусија. 

Кевин Дурент е голем поборник за легализација на марихуаната, тој не може да сфати зошто таа не е веќе легална кога нема штетно влијание. Според него нема логика кафето и алкохолот да бидат легални а марихуаната не. Таа ги сплотува луѓето и им носи добри моменти, има позитивни ефекти и врз здравјето.
 
„Тоа е едно од растенијата со специфичен вкус кои ако ги сакаш, ги сакаш, ако не, не ги земаш. Не треба ни да се дискутира за тоа овие денови. Марихуаната е марихуана. Не штети на никого. Може само да помогне, само да донесе добри работи. Мислам дека тоа не треба да биде ниту тема повеќе“, вели Дурент.
 
„Сите во мојот тим пијат кафе секој ден. Со тоа земаат кофеин секој ден. Или некои пијат вино по натпреварите, ќе одат да се напијат некоја чашка некаде. Марихуаната треба да биде сметана за нешто сосема исто. Зошто и зборуваме за тоа? Веќе не треба ниту да се разговара за тоа. Се надевам дека ќе го надминеме тоа и стигмата околу неа и ќе сфатиме дека таа не прави ништо друго отколку што им овозможува на луѓето да си поминат убаво, прави да се гладни, и спојува, тоа растение ги спојува луѓето“.
 
„Почнуваме да ги вадиме луѓето од затвор кои завршуваат таму поради марихуана. Тоа е следниот чекор. Треба да продолжиме така. Тоа е само растение кое е тука со причина и кое сплотува. Се надевам дека марихуаната ќе биде избришана од забранетите супстанци, особено во НБА“. 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе