Кливленд и Бруклин одиграа неизвесен меч кој беше решен по две продолженија. Во последното домаќинот направи разлика од дури 12 поени за победа од 147-135.
Дурент постигна 38 поени, имаше и 12 скока и осум асистенции, Ирвинг постигна 37 поени, а Харден имаше трипл-дабл учинок 21 поен, 10 скокови и 12 асистенции. Но сето ова не беше доволно за триумф.
Кај Кливленд, Секстон реализираше 42 поени, а и Охриѓанецот Осман имаше одлична партија со 25 поени, седум скока и седум асистенции.
Далас победи на гостувањето кај Индијана со 124:112 а Лука Дончиќ постигна нов трипл-дабл со 13 поени, 12 скокови и 12 асистении, најдобар во тимот на Далас сепак беше Порзингис со 27 поени и 13 скокови. Кај Индијана Брогдон постигна 26 поени, Сабонис реализираше 25 поени и десет скокови.
Резултати:
Кливленд - Бруклин 147:135
Индијана - Далас 112:124
Филаделфија - Бостон 117:109
Атланта - Детроит 123:115
Торонто - Мајами 102:111
Минесота - Орландо 96:97
Хјустон - Фенкс 103:109
Голден стејт - Сан Антонио 121:99
ЛА Клиперс - Сакраменто 115:96