Дурент и Томпсон ќе добијат максимални договори од Голден стејт и покрај тоа што нема да играат!

Голден стејт сака да ги задржи Кевин Дурент и Клеј Томпсон и покрај нивните тешки повреди во финалната серија против Торонто.

Кевин Дурент и Клеј Томпсон поради повреди ќе го пропуштат најголемиот дел од идната сезона во НБА лигата.
 
Клеј Томпсон на 1 јули ќе биде слободен агент, а Кевин Дурент може да не ја искористи опцијата за договор од уште една сезона па и тој да излезе на пазарот како слободен кошаркар.
 
Во еден таков случај секој клуб може да преговара со нив, а Голден стејт најави дека не сакаат тоа да се случи. Нивната намера е да ги задржат своите кошаркари и покрај нивните тешки повреди.
 
За да ги задржи своите кошаркари, Голден стејт е подготвен да им понуди максимални договори. А тоа значи дека следната сезона Дурент ќе добие 38 милиони долари, а Томпсон 33. Платата на Кари е 40 милиони, па за идната сезона само за тројца кошаркари ќе потрошат 111 милиони долари за плати, а двајца од нив нема ни да играат во најголемиот дел од сезоната.
 
Максималниот договор на Дурент за пет години може да достигне 220 милиони долари, а тој на Клеј Томпсон 190. Тоа значи дека доколку Голден стејт им понуди максимални договори на двајцата кошаркари ќе треба да одвои 410 милиони долари за плати во наредните пет години.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе