НБА

Дурент го пропушта најголемиот дел од следната сезона?

Ѕвездата на Голден стејт, Кевин Дурент најверојатно ќе го пропушти најголемиот дел од идната сезона поради повредата која ја заработи на последниот меч со Торонто.

Дурент се врати на теренот на мечот во Торонто, но по кратко време го напушти теренот поради повреда на Ахиловата тетива. 
 
Прецизни информации за тежината на повредата и периодот на негово отсуство ќе има по деталните тестови. Но првичните прогнози се дека се работи за скината Ахилова тетива за чие закрепнување се потребни од седум до десет месеци.
 
Тоа значи дека Дурент ќе пропушти голем дел од следната сезона, ќе се врати пред почетокот на плејофот.
 
Повредата ја комплицира ситуацијата со неговиот ангажман за идната сезона. Тој имаше две опции едната да стане слободен агент а втората да го продолжи договорот со Голден стејт на уште една сезона.
 
Се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде Њујорк, но тешко дека некој ќе инвестира во играч кој би го пропуштил регуларниот дел од сезоната, сега поголема е веројатноста да остане во Голден стејт искористувајќи ја опцијата за продолжување на договорот за уште една сезона.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе