НБА

Дурент станува слободен агент, може да добие 221 милион од Голден Стејт или 164 милиони од друг клуб

Добро упатениот новинар Адриан Војнаровски пренесе дека Кевин Дурент се откажал од последната година од договорот со Голден Стејт вредна 31,5 милиони долари за да стане слободен агент.

Долго време се најавуваше дека КД ова лето ќе стане слободен агент, но плановите на играчот малку беа пореметени од незгодната повреда на ахиловата тетива поради која ќе го пропушти најголемиот дел од следната сезона.

Сепак и покрај ваквиот пех, Кевин Дурент решил да се откаже од последната година од договорот со Голден Стејт вредна 31,5 милиони долари и да стане слободен агент.

Ваквата вест ја соопшти добро упатениот новинар Адриан Војаровски, кој вели дека кошаркарот е во Њујорк заедно со неговиот агент Рич Клајмен и ги разгледуваат опциите кои ги имаат.

Кевин Дурент може да потпише четиригодишен договор вреден 164 милиони долари со друг тим, или да ја продолжи соработката со Голден Стејт и да добие максимален петгодишен договор вреден 221 милион долари.

Сепак, „воините“ имаат ограничени ресурси поради тоа што и Клеј Томпсон е во слична ситуација и треба да добие нов дговор и прашање е дали ќе можат да направат вакво финасиско жртвување. Што се однесува до другите клубови, се верува дека Њујорк Никс, Бруклин Нетс и ЛА Клиперс се на врвот на листата со желби на КД.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе