НБА

Драма во тексашкото дерби, Хјустон се врати од загубена позиција и го победи Далас (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на дуелот меѓу Далас и Хјустон, ракетите победија по продолжение со 153:149, Лука Дончиќ и соиграчите пропуштија триумф во веќе добиен меч. 

Во првата четвртина подобар беше Хјустон, а потоа Далас направи пресврт и водеше се до самиот крај, исклучително возбудлив беше финишот од мечот.
 
На 45 секунди до крајот Далас имаше седум поени разлика 138:131 и во тие моменти се чинеше дека е невозможно Хјустон да се врати, но се случи токму тоа. Во последните секунди Харден изведуваше слободни фрлања, второто намерно го промаши по што Ковингтон погоди во последните секунди и изедначи на 139:139. 
 
Во продолжението Хјустон беше подобриот тим и на крајот дојде до победа од 153:149.
 
Харден со 49 поени, девет скока и осум асистенција беше најдобар во составот на Хјустон, Вестбрук постигна 31 поен, имаше 11 скокови и осум асистенции.
 
Кај Далас, Порзингис имаше одличен меч со 39 поени и 16 скокови, Дончиќ постигна трипл-дабл со 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
 
 
Резултати:
 
Далас - Хјустон 149:153
Сан Антонио - Сакраменто 129:120
Милвоки - Бостон 119:112
Вашингтон - Феникс 112:125
Портланд - Мемфис 140:135
Бруклин - Орландо 118:128
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе