Мундобаскет 2019

Драма во Шангај, Турција промаши четири слободни фрлања, САД победи со еден поен разлика

Турција пропушти голема шанса да ја фрли САД на колена, промаши четири слободни фрлања на 10 секунди до крајот па беше казнета и загуби минимално со 93-92 по едно продолжение од пет минути.

На четвртиот ден од Мундобаскетот, САД и Турција во Шангај приредија возбудлив меч со драматична завршница. Балбај и Осман се трагичари откако на 10 секунди до крајот на продолжението од пет минути промашија четири слободни фрлања и му овозможија на противникот да се врати од мртвите.

САД подобро го отвори мечот и на средината од втората четвртина имаше 15 поени предност (41-26). Сепак Турција не се предаде, направи серија од 12-0 и се врати во игра.

Во вториот дел од мечот, избраниците на Попович постојано беа во водство, но не можеа да креираат опиплива предност, а упорната Турција во неколку наврати стигна до егал, а на 12 секунди до крајот на мечот, за прв пат и поведе.

Осман промаши тежок шут за два, но Илјасова имаше офанзивен скок по кој поентираше за 79-81. Турција сепак не успеа да се одбрани во последниот напад на САД, Осман направи прекршок над Тејтум при шут за три со звукот на сирената. Кошаркарот на Бостон реализираше две слободни и натпреварот отиде во додатни пет минути.

Во продолжението, Турција прва зададе удар и се одлепи на +5 (84-89), но САД возврати со серија од 7-0 и се влезе во драматична завршница. Осман погоди положување под фаул, го реализираше и дополнителното слободно фрлање за водство од 91-92.

На 10 секудни до крајот на додатните пет минути, Балбај украде топка, веднаш беше напревен фаул врз него а судиите одлучија дека тоа е неспортски прекршок, па доделија две слободни фрлања и нов напад за Турција. Но Балбај катастрофално ги шутна двата пенали, а кратко потоа на линијата за слободни фрлања се најде и Осман, кој исто така два пати промаши, па САД доби шанса да се врати од мртвите.

Во една полуконтра, Мидлтон беше фаулиран при положување за два, и доби прилика да го реши натпреварот. Тој остана смирен од линијата за слободни фрлања, донесе триумф од 93-92 и спречи ново изненадување на Мундобаскетот.

Претходно во денот, Домениканска Република ја победи Германија со 70-68 и ја елиминираше од Светското првенство. Бразил исто така приреди изненадување и во драматичен финиш ја совлада Грција со 79-78.

Франција беше убедлива против Јордан и триумфираше со 103-64, Литванија ја совлада Канада со високи 92-69, Австралија рутински славеше против Сенегал со 81-68, исто како и Чешка во дуелот со Јапонија (89-76).

Во последниот денешен натпревар, Нов Зеланд беше поуспешен од Црна Гора со 93-83..

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе