Голем чекор кон финалето

Драма во Сараево, МЗТ Скопје со кош во последната секунда го победи Спарс!

МЗТ Скопје со поени на Медфорд во последната секунда од натпреварот со 71:70 го доби првиот полуфинален натпревар против Спарс и сега има огромни шанси да се пласира во финалето од плејофот во втората АБА лига.

Вистинска драма се случуваше на натпреварот во Сараево меѓу Спарс и МЗТ Скопје, македонскиот тим со првото водство дојде до многу голема победа.
 
Домашниот тим водеше во текот на целиот меч, особено беше доминантен во првото полувреме, но кошаркарите на Кочов одиграа фантастичен втор дел и дојдоа до победата.
 
МЗТ Скопје имаше негатива од дури 17 поени разлика, но имаа одличен влез во второто полувреме, дојдоа до израмнување на 53:53 по што следеше ново опуштање по кое Спарс повторно поведоа со солидна предност, направија серија од 9-0 за 62:53, но идентична беше серијата и на македонскиот тим па резултатот повторно беше изедначен 62:62.
 
На минута и пол до крајот домаќините имаа шест поени разлика, 70:64, но следуваше супер финиш на МЗТ Скопје, серија од 7-0 која кулминираше Медфорд во последната секунда од мечот за 71:70.
 
Дури тројца играчи во составот на МЗТ Скопје имаа по идентични 13 поени, Симоновски, Медфорд и Иванов, Самарџиски имаше 12 поени и 11 скокови.
 
Ова е голема победа на МЗТ Скопје кој поведе со 1-0 во серијата со Спарс која се игра во два добиени меча.
 
Вториот натпревар се игра во недела на 24. март во „Јане Сандански“, со победа МЗТ Скопје ќе се пласира во финалето и ќе се бори за враќање во првата АБА лига.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе