Претквалификации за Евробаскет 2021

Драма во Приштина, Македонија го совлада Косово со 73-76

Македонија ја започна втората рунда претквалификации за Евробаскетот во 2021 со победа на гостувањето во Приштина, „црвено-жолтите" во драматичен финиш триумфираа над Косово со 73-76

Успешен старт на втората рунда претквалификациите за Европското првенство, Македонија вечерва славеше кај Косово со 73-76. „Црвено-жолтите“ долго време беа во водство, требаше рутински да го финишираат мечот, но му дозволија на противникот да се врати во игра во последната минута. За среќа Косово не ја искористи укажаната шанса, па ние издвојувавме значајна победа.

Избраниците на Давитков одлично го започнаа мечот, Дамјан Стојановски погоди две тројки и се одлепивме на 2-12. „Црвено-жолтите“ продолжуваа да доминираат и на 150 секунди пред крајот на првиот дел имаа +13 (6-19). Но тука како да подзастанавме, Косово преку Бериша и Бамфорд фати приклучок и првата четвртина заврши со резултат 16-20.

Во вторите десет минути беше израмнето на теренот, двете репрезентации правеа многу грешки, потфрлија во шутот па на пауза се замина со 29-34.

Стартот на третата четвртина беше најлошиот период за Македонија, не успеавме да погодиме речиси четири минуто, а долго време во овој период само Бојан Трајковски успеваше да реализира. Кај домаќините му тргна шутот за три на Бериша, па Косово поведе со 49-48.

Македонија сепак ги консолидираше редовите во одлучувачките последни 10 минути, за кратко време се врати во водство и потоа лесно ја одржувавме предноста. На нешто помалку од 60 секунди до крајот имавме +8 (65-73) и наместо рутински да го привршиме мечот дозволивме противникот да реализира две тројки за натпреварот да влезе во драматична завршница.

Сепак останавме присебни во бркотницата на теренот која настана во последните секунди и на крајот се радувавме на триумф од 73-76.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе