ЕВРОЛИГАТА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ШАМПИОН

Драма на првиот натпревар на фајнал-форот, Олимпијакос во финале

Олимпијакос во драматичен финиш го изненади шампионот ЦСКА Москва со 78-82 и се пласираше во финале на Евролигата

Олимпијакос е првиот финалист на фајл-фор турнирот во Истанбул, екипата од Грција вечерва ја изненади ЦСКА Москва.

Во драматичен финиш, Олимпијакос славеше со 78-82 над шампионот и му ја симна круната на тимот од Русија.

ЦСКА Москва добро го започна натпреварот, првата четвртина ја доби со 18-12 а на пауза замина со +7 (40-33).

Кон финишот на третата четвртина, ЦСКА Москва имаше и предност од 10 поени (64-54), но гостите не се предадоа и со тројките на Авраванис и Манцарис стигнаа до -4.

Во завршните 10 минути на сцена стапи Спанулис, неговиот шут проработе кога беше најпотребно.

Со неверојатна тројка, Спанулс донесе предност од 73-74, на нешто помалку од две минути, а потоа намести и „цепелин“ за Брих.

На ова одговори Теодосиќ со тројка за 76-76, но на спротивната страна во иста мера врати Грин за 76-79 на 42 секунди до крајот.

Во драматичен финиш со многу фаули и прекини, Теодосиќ избрза со еден шут на десетина секунди до крајот, па Олимпијакос славеше со 78-82.

Кај победникот, Принтезис, Спанулис и Папаниколау имаа по 14 поени, а во редовите на ЦСКА Москва најдобар поединец беше Теодосиќ со 23 поени.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе