Драган Бајиќ е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија денеска и официјално го промовираше Драган Бајиќ за нов селектор на сенорската репрезентација. 

Александар Тодоров е минато, Драган Бајиќ е нов селектор на Македонија. Тој е долгодоишен тренер на Игокеа.
 
„Првин би сакал да ве поздравам и да ви се заблагодарам вам што се појавивте во олкав број, отсекогаш сум имал одлична комуникација со претставниците на медиумите. Огромна благодарност и до челниците на Федерацијата за довербата да бидам на оваа функција. За секој тренер е чест да се биде селектор на една репрезентација, а јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски кои како играчи имале врвни тренери, одлучија да ме изберат мене за нов селектор. Имам доста голема енергија и желба да направиме добра работа заедно. Би сакал да останам десет години. Рано е да се зборува за детали, но сите играчи ќе добијат шанса да играат и ќе се обидеме од секој да го извлечеме најдоброто и да бидеме најдобри што можеме. Како тренер барам да бидеме како семејство и да дишеме како еден, бидејќи само тоа е патот кон успехот“, изјави новиот селектор на Македонија, Драган Бајиќ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе