НБА

Дончиќ не може сам, Далас е елиминиран од Клиперс, Денвер обезбеди мајсторка против Јута (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлична партија, но таа не беше доволна за победа Клиперс победи со 111:97 и обезбеди место во конференциското полуфинале, Денвер со 119:107 славеше над Јута и седми меч ќе го решава победникот. 

Далас и Лука Дончиќ ја завршија сезоната откако го доживеаа и четвртиот пораз од ЛА Клиперс, овој пат од 111:97. Словенечкиот кошаркар имаше уште една блескава партија, постигна 38 поени, имаше и девет скока и девет асистенции.
 
Но Дончиќ немаше поддршка од соиграчите, вториот на листата на поентери кај Далас беше Фини Смит со 16 поени. Во составот на Клиперс, Ленард реализираше 33 поени, имаше и 14 скокови.
 
 
Во конференциското полуфинале Клиперс го чекаат подобриот од пресметката меѓу Денвер и Јута каде ќе се игра седми меч.
 
По трите последователни порази од Јута, Денвер ја крена формата и врза две победи со кои изедначи на 3-3. Синоќа победи со 119:107.
 
Блескава партија имаше Мари кој постигна фантастични 50 поени. Јокиќ реализираше 22. Најдобар кај Јута беше Мичел со 44 поени.
 
 
Почна и полуфиналната серија на истокот меѓу Торонто и Бостон. Првиот меч го добија Селтикс со 112:94. Татум и Смарт со по 21 поен беа најефикасни во составот на Бостон. Лаури постигна 17 за Торонто.
 
 
Резултати:
 
Конференциско четвртфинале:

Далас - ЛА Клиперс 97:111 (2-4)
Јута - Денвер 107:119 (3-3)
 
Конференциско полуфинале:

Торонто - Бостон 94:112 (0-1)

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе