НБА

Дончиќ урна рекорд на Мајкл Џордан, 50 поени на Дејвис во нов триумф на Лејкерс (ВИДЕО)

Далас доживеа пораз на свој терен од Сакраменто со 110:106, но Лука Дончиќ помина рекорд на Мајкл Џордан, брилијантна партија на Ентони Дејвис во победа на Лејкерс над Минесота од 142:125, одличен беше и Леброн Џејмс. 

Лука Дончиќ го помина Мајкл Џордан по најмногу последователни натпревари со 20 поени, пет скока и пет асистенции. Словенецот веќе 19. натпревар по ред има таков учинок, легендарниот Џордан тоа го направил на 18 мечеви по ред. Подобар во оваа статистика бил само Оскар Робертсон во 60тите години.
 
Дончиќ синоќа против Сакраменто имаше 27 поени, седум скока и осум асистенции, неговиот Далас го загуби мечот со 110:106.
 
Најефикасен во победата на Сакраменто беше Бјелица со 30 поени, кај Далас Хардавеј реализираше 29.
 
 
Ентони Дејвис и Леброн Џејмс неверојатно добро се вклопија, формираа страшен тандем кој му носи победи на Лос Анџелес Лејкерс.
 
Ноќеска Ентони Дејвис за нешто повеќе од 39 минути постигна 50 поени, Леброн Џејмс на паркетот помина 28 минути за кои реализираше 32 поени, имаше и 13 асистенции. Лејкерс ја победи Минесота со 142:125.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Денвер 105:102
Шарлот - Атланта 107:122
Мајами - Чикаго 110:105
Филаделфија - Торонто 110:104
Вашингтон - ЛА Клиперс 119:135
Далас - Сакраменто 106:110
Портланд - Оклахома 96:108
ЛА Лејкерс - Минесота 142:125

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе