НБА

Дончиќ со нов трипл-дабл испиша историја во НБА, Јокиќ го однесе Денвер во плеј-оф за прв пат по 2013 (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлична партија против Њу Орлеанс и го забележа 5. трипл-дабл, но тоа не беше доволно за Далас да избегне пораз, Никола Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над Бостон и место во плеј-офот за прв пат по 2013.

Далас нема шанси за плеј-оф и „маверикс“ веројатно до крајот на сезоната ќе се обидат да изгубат што е можно повеќе натпревари за да добијат подобра позиција за пик на драфтот, но Лука Дончиќ продолжува да испишува историја.

Словенецот утрово против Њу Орлеанс забележа 29 поени, 13 скокови и 10 асистенции. За него ова беше 5. трипл-дабл учинок оваа сезона, и стана првото руки со вакво достигнување во историјата на Далас.

Публиката во „Американ Ерлајнс Арена“ на крајот не се радуваше на победа, Њу Орлеанс си замина со триумф од 125-129 по продолженија, но беа сведоци на уште едно историско постигнување откако Дирк Новицки го надмина легендарниот Вилт Чемберлејн на шестата позиција на вечната листа на стрелци во НБА.

Нова извонредна партија имаше и Никола Јокиќ. Србинот со 21 поен, 13 скокови и 7 асистенции го предводеше Денвер до триумф од 105-114 на гостувањето кај Бостон.

Со оваа победа „нагетс“ и математички обезбедија место во плеј-офот и за прв пат по 2013 ќе разигруваат за титулата во НБА:

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе