НБА

Дончиќ со маестрална партија испиша нова историја, но и тоа не беше доволно за Далас да слави во Њујорк (ВИДЕО)

Лука Дончиќ забележа трипл-дабл на гостувањето кај Њујорк никс, Словенецот имаше маестрална партија со која испиша нова историја, но на крајот и тоа не беше доволно за Далас да стигне до победа.

Лука Дончиќ продолжува да ги поместува границите, утрово постигна 33 поени против Њујорк а забележа и 10 скокови и 11 асистенции. Па тој стана само вториот играч кој успеал да запише трипл-дабл во Медисон Сквер Гарден пред да наполни 21 година. Претходно ова му успеало само на легендарниот Меџик Џонсон.

Сепак, маестралната партија на Словенецот на крајот не беше доволна за Далас да стигне до победа. Њујорк погоди тројка на десетина секунди пред крајот и стигна до триумф од 106-103.

Пол Џорџ конечно се опорави од повредата, го имаше својот прв меч за ЛА Клиперс и веднаш импресионираше со 33 поени, но неговиот тим остана со празни раце на гостувањето кај Њу Орлеанс. „Пеликаните“ пружија голема борба и на крајот триумфираа со 132-127.

НБА резултати:

Кливленд - Мајами 97:108
Милвоки - Чикаго 124:115
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 132:127
Њујорк - Далас 106:103
Феникс - Атланта 128:112
Денвер - Бруклон 101:93

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе