НБА

Дончиќ со две тројки во последните 15 секунди му донесе победа на Далас над Бостон (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ уште еднаш ја покажа својата големина откако во последните моменти од мечот со две тројки донесе победа за Далас над Бостон од 110-107. 

Беше 105-104 за Бостон, Дончиќ на 15 секунди до крај погоди за три поени и донесе водство за Далас од 107-105. Бостон го реализираше својот напад и го изедначи резултатот на 107-107, но Лука со истекот на времето погоди уште една тројка и донесе победа од 110-107.
 
Дончиќ натпреварот го заврши со 31 поен, десет скокови и осум асистенции. Во составот на Бостон најефикасен беше Браун со 29 поени, Тејтум постигна 28.
 
 
Никола Јокиќ имаше феноменална партија, го предводеше Денвер до победа над Портланд од 111:106. Српскиот кошаркар постигна 41 поен.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Атланта 112:111
Орландо - Детроит 93:105
Бруклин - Сакраменто 127:118
Далас - Бостон 110:107
Њујорк - Голден стејт 106:114
Торонто - Филаделфија 102:109
Милвоки - Минесота 139:112
Денвер - Портланд 111:106
ЛА Клиперс - Вашингтон 135:116

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе