Беше 105-104 за Бостон, Дончиќ на 15 секунди до крај погоди за три поени и донесе водство за Далас од 107-105. Бостон го реализираше својот напад и го изедначи резултатот на 107-107, но Лука со истекот на времето погоди уште една тројка и донесе победа од 110-107.
Дончиќ натпреварот го заврши со 31 поен, десет скокови и осум асистенции. Во составот на Бостон најефикасен беше Браун со 29 поени, Тејтум постигна 28.
Никола Јокиќ имаше феноменална партија, го предводеше Денвер до победа над Портланд од 111:106. Српскиот кошаркар постигна 41 поен.
Резултати:
Кливленд - Атланта 112:111
Орландо - Детроит 93:105
Бруклин - Сакраменто 127:118
Далас - Бостон 110:107
Њујорк - Голден стејт 106:114
Торонто - Филаделфија 102:109
Милвоки - Минесота 139:112
Денвер - Портланд 111:106
ЛА Клиперс - Вашингтон 135:116