НБА

Дончиќ се повреди, Далас загуби од Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ заработи повреда на скочниот зглоб на третиот меч меѓу Далас и Клиперс, неговиот тим загуби со 130:122, нов пораз запиша и Денвер со Никола Јокиќ, Јута го доби тој меч со 124:87. 

Во третата четвртина од мечот меѓу Далас и ЛА Клиперс, Лука Дончиќ го повреди зглобот при еден дуел со Ленард. Словенецот на една нога замина во соблекувалната. По некое време успеа да се врати, иако со гримаси на лицето од болка, повторно влезе во игра но не можеше, уште еднаш излезе од паркетот и не се врати. Словенецот е неизвесен за следниот меч, во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации за повредата.
Што се однесува до натпреварот, Лос Анџелес Клиперс постојано имаше водство, а Далас се обидуваше да се врати во игра, но најмногу што направи е пораз од осум поени разлика.
 
И покрај тоа што прерано го заврши мечот, Лука Дончиќ комплетираше трипл-дабл, имаше 13 поени и по 10 скока и асистенции. Одлична партија за Далас имаше Порзингис со 34 поени и 13 скокови, а добар беше и Кари со 22 поени. Најдобар на мечот беше главанта ѕвезда на Клиперс, Ленард со 36 поени.
 
 
Интересен финиш имаше мечот меѓу Филаделфија и Бостон. Беше 94:94 по што следуваше серија на Селтикс од 8:0 за конечна победа од 102:94 и водство од 3-0 во серијата. Вокер со 24 поени беше најефикасен кај Бостон, Ембид постигна 30 поени и имаше 13 скокови за Филаделфија.
 
 
Никола Јокиќ и Денвер имаа уште една лоша вечер, не можат да го најдат лекот за Јута откако Гобер се врати во составот. Јута многу доминантно го доби мечот со дури 124:87 и поведе со 2-1 во серијата. Конли постигна 27 поени, Гобер имаше 24 поени и 14 скокови за Јута. Во составот на Денвер, Мичел со 20 поени беше најефикасен, Јокиќ постигна 15.
 
 
Шампионот Торонто и по трет пат го победи Бруклин, овој пат со 117:92. Сиакам со 26 поени беше најдобар кај Торонто, Џонсон постигна 23 за Бруклин.
 
 
Резултати:
 
Бруклин - Торонто 92:117 (0-3)
Јута - Денвер 124:87 (2-1)
Филаделфија - Бостон 94:102 (0-3)
Далас - ЛА Клиперс 122:130 (1-2)
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе