Дончиќ постави рекорд, Далас израмни во серијата со Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до изедначување на 1-1 во серијата со Лос Анџелес Клиперс, неговиот тим победи со 127:114. 

Далас одигра одлична партија против Клиперс, водеше буквално во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до победата со која изедначи на 1-1.
 
Лука Дончиќ беше најефикасен во составот на Далас, постигна 28 поени, имаше осум скока и седум асистенции. Тој го помина Џабар и стана кошаркарот со најмногу поени во своите први два настапи во НБА плејоф, вкупно 70 поени.
 
Одличен беше и Порзингис со 23 поени, најефикасен на мечот беше ѕвездата на Клиперс, Ленард кој реализираше 35 поени, имаше и 10 скокови.
 
 
Никола Јокиќ и Денвер го загубија вториот меч од Јута со 124:105, серијата сега е изедначена на 1-1. Мичел со 30 поени беше предводникот на Јута во победата. Јокиќ постигна 28 поени за Денвер, имаше и 11 скокови, Портер исто така постигна 28 поени.
 
 
Шампионот Торонто поведе со 2-0 против Бруклин, но овој пат многу потешко дојде до победата. Нетс водеа во најголемиот дел од мечот, но финишот им припадна на Рапторс кои последната четвртина ја добија со 30:19 и победија со 104:99.
 
 
Најубедлив беше Бостон кој со 128:101 ја победи Филаделфија и поведе со 2-0. Татум со 33 поени беше најдобар кај Селтикс, Ебид реализираше 34 за Филаделфија.
 
 
Резултати:
 
Торонто - Бруклин 104:99 (2-0)
Денвер - Јута 105:124 (1-1)
Бостон - Филаделфија 128:101 (2-0)
ЛА Клиперс - Далас 114:127 (1-1)
 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе