НБА

Дончиќ му даде 39 поени на Портланд, но доби и суспензија (ВИДЕО)

Лука Доначиќ нема да настапи на следниот натпревар за Далас откако ја заработи 16. техничка грешка оваа сезона, тој беше брлијантен против Портланд и го предводеше својот тим до убедлива победа. 

Далас го доби мечот со 128-78, а Лука Дончиќ за помалку од половина час игра постигна 39 поени, имаше 11 скокови и седум асистенции.
 
 
Но, доби и техничка грешка откако побара фаул при еден шут за тројка од голема далечина. 
 
Тоа за него е 16. техничка грешка оваа сезона поради што ќе го пропушти последниот меч на Далас во регуларниот дел од сезоната, дуелот против Сан Антонио.
 
Резултати:
 
Детроит - Милвоки 101:131
Вашингтон - Њујорк 92:114
Бруклин - Кливленд 118:107
Торонто - Хјустон 117:115
Чикаго - Шарлот 117:133
Мајами - Атланта 113:109
Далас - Портланд 128:78
Јута - Феникс 105:111
ЛА Лејкерс - Оклахома 120:101

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе